Познатата манекенка Џиџи Хадид ни покажа неколку одлични street style изгледи во кои главна тема за разговор беа легендарните патики – старки.
Џиџи Хадид често покажува наклонетост кон култните старки, исто како и многу други познати дами, а тоа е поради нивната сестраност. Манекенката ги комбинира со фармерки, кошули, плетени елеци, шапки и спортски панталони.
Додека трендовите доаѓаат и си одат, овие патики се класика во нашите гардероби и освојуваат со својата силуета, а во последните неколку години и со својата удобност, бидејќи старките одамна ги имаат рамните ѓонови по кои многумина ги паметат.
Манекенките, инфлуенсерите и дамите ги обожаваат и сакаат да ги носат бидејќи се лесни за комбинирање. Одлично одат со речиси секоја облека, од фустани и здолништа, до тренерки, до шорцеви и фармерки.