Од целосно проѕирни парчиња облека до фустани „закопчани“ до грло: Кајли Џенер во најновото издание на модната недела во Париз (ФОТО)

popara4 октомври, 20221min00
f471db41bc9eda0d7b9b88071c98a34763afabd2

Кајли Џенер реши да ги воодушеви сите

Модната недела во Париз ги собра познатите личности од целиот свет. Видовме различни креации и екстраваганција на највисоко ниво.

Една од најзабележаните личности дефинитивно се сестрите Кардашијан-Џенер, а најмладата од нив, Кајли, носеше најразлични стилови, од оние отворени парчиња облека до најзатворените за крај.

По долната облека и целосно проѕирните тоалети, Кајли сега се одлучи за материјал од глава до пети.

– Овој изглед беше посебен – го карактеризираше Кајли својот стајлинг.

Таа носеше бел долг фустан, целосно припиен за нејзиното тело, а за се да биде понеобично, беше придружено со дополнителен материјал. Кога ќе ги рашири рацете, фустанот има повеќе материјал кој оди од ракавите до подот.

За фустанот што повеќе да се истакне, таа ја собра косата во строга пунџа, а од накит носеше само обетки.