Во овој период од годината многумина од нас добиваат некоја вирусна или бактериска инфекција.
Често се среќаваме со разни воспаленија, бронхитис и кашлица, а често опоравувањето трае долго.
Но, за овие порблеми постојат природни лекови, кои ќе се изборат со болеста. А еве и еден рецепт:
Згответе 250 мл млеко,потоа оставете да се излади на собна температура. Кога ќе се излади, додајте лажица путер и лажица мед. Измешајте ги сите состојки, а потоа додајте и разматена жолчка и 1/4 лажичка сода бикарбона.
Земајте го лекот пред спиење, барем 5 дена поради постигнување подобри резултати. Овој лек е одличен за лечење кашлица, бронхитис, воспаление на грлото…
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.