ОПАСНО ПО ЗДРАВЈЕТО, СТРАДААТ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ! Начини на кои МУВЛАТА може да ви наштети!

popara17 ноември, 20221min00
Screenshot_9

Ре­чи­си во се­кој дом има прос­то­ри­ја во ко­ја има му­вла, ко­ја и од ес­тет­ски но и од здрав­стве­ни при­чи­ни мо­ра што е мож­но поб­ргу да се от­страни. Овој проб­лем мно­гу по­чес­то го има­ат оние лу­ѓе кои жи­ве­ат во куќи, от­кол­ку оние во ста­но­ви и вак­ва­та по­ја­ва нај­чес­то се за­бе­ле­жу­ва по ќо­ше­ви­те на куј­ни­те и на ку­па­ти­лата, по­ра­ди по­стоја­на­та влаж­ност на воз­ду­хот.

 

 

 

По­ја­ва­та на му­вла во до­мот, нај­при­сут­на е во есен и во зима, ко­га тем­пе­ра­ту­ра­та не е мно­гу ви­со­ка, а ко­ли­чес­тво­то на вр­не­жи е зго­ле­мено. При­чи­на за неј­зи­на по­ја­ва мо­же да би­де и не­до­вол­но гре­е­ње и цир­ку­ла­ци­ја на воз­дух во ус­ло­ви на зго­ле­ме­на вла­га во прос­то­ри­јата, а то­гаш нај­чес­то се по­ја­ву­ва во аг­ли­те на со­бата, по­за­ди за­ве­сите, пла­ка­рите, ка­ко и на спо­е­ви­те на про­зор­ците. Му­вла­та на ѕи­до­ви­те се ма­ни­фес­ти­ра во вид на точ­ки со црна, си­ва или ка­фе­на боја.

 

Се­пак, иа­ко ре­чи­си се­кој од нас се со­о­чил со вак­ва­та сос­тој­ба во до­мот, рет­ко кој знае, кол­ку ис­та­та мо­же да би­де штет­на и да ос­тави трај­ни по­след­ици по на­ше­то здравје, осо­бе­но до­кол­ку по­дол­го вре­ме сме из­ло­же­ни на неј­зи­но­то вли­ја­ние. Пок­рај тоа, таа мо­же да ос­ло­бо­ди лош ми­рис и да ве на­те­ра да ки­ва­те по­ра­ди од­ре­де­ни чес­тич­ки што ги ос­ло­бо­ду­ва во воз­ду­хот. Ки­ва­ње­то не зна­чи де­ка сте алер­гич­ни на му­вла, но кај не­кои лу­ѓе мо­же на­вис­ти­на да се по­ја­ват сим­пто­ми кои ука­жу­ва­ат на алер­гија.

 

За­тоа, об­рне­те вни­ма­ние до­кол­ку во ва­ши­от дом има му­вла а вие по­стоја­но чув­ству­ва­те де­ка ве че­шаат, сол­зат и пак има­те цр­ве­ни­ло во очите. По­тоа, до­кол­ку има­те чес­та гла­во­болка, хро­нич­на каш­лица, проб­ле­ми со си­ну­сите, зат­нат нос, за­мор, чу­ден осип на ко­жата.

 

До­кол­ку ги има­те не­кои од овие сим­птоми, не че­кајте, ту­ку вед­наш по­се­те­те го ма­тич­ни­от ле­кар и по­ба­рај­те струч­на по­мош од мај­с­тор кој мо­же да го ре­ши проб­ле­мот со нас­та­ну­ва­ње­то на му­вла­та во ѕи­до­вите. За­тоа што, иа­ко док­то­рот ут­врди де­ка има­те проб­лем по­ра­ди му­вла­та и при­ма­те со­од­вет­на те­ра­пи­ја за тоа, а при­та не ги са­ни­ра­те мес­та­та ка­де што ис­та­та ја има, ва­ше­то здрав­је и по­на­та­му ќе би­де из­ло­же­но на опас­ност.

 

Тоа е така, за­тоа што, не­кои ви­до­ви на му­в­ли се при­чи­на за соз­да­ва­ње на мик­ро­ток­си­ни кои мо­жат да би­дат дос­та опас­ни за на­ше­то здравје. Изло­же­нос­та на ви­со­ки ни­воа на мик­ро­ток­си­ни мо­же да пре­диз­ви­ка и нев­ро­лош­ки проб­леми.

 

До­кол­ку пак во ва­ши­от дом се уш­те не­ма по­ја­ва на му­вла и на влага, вак­ви­те по­ја­ви мо­же­те да ги кон­тро­ли­ра­те и на тој на­чин не­ма да мо­ра да се со­о­чи­те со ве­ќе на­ве­де­ни­те проб­леми.

Еве ви не­кол­ку со­ве­ти ка­ко да го кон­тро­ли­ра­те по­ја­ву­ва­ње­то на вла­га­та и му­вла­та во ва­ши­от дом. Нај­ле­сен и на­јед­нос­та­вен на­чин за тоа е по­стоја­но­то про­вет­ру­вање. За­тоа мно­гу чес­то от­во­рај­те ги про­зо­ри­те за прос­то­ри­ја­та да се про­ветри, а до­кол­ку сте во мож­ност, про­зо­рот во ба­ња­та не­ка ви би­де по­стоја­но от­во­рен. На овој на­чин во го­ле­ма ме­ра вла­га­та не­ма да им нап­ра­ви се­ри­оз­на ште­та на ѕи­до­ви­те во ва­ши­от дом.

Ис­то така, мно­гу важ­но е и за­то­по­лу­ва­ње­то во до­мот. За­топ­лу­вај­те ги прос­то­ри­ите, та­ка што ќе од­ржу­ва­те кон­стан­тна тем­пе­ра­ту­ра ко­га вре­ме­то е лад­но или влажно, а ис­то та­ка се препо­ра­чу­ва да се за­топ­лу­ва и ба­њата. Се­пак, за трај­но ре­ше­ние нај­доб­ро е да нап­ра­ви­те изо­ла­ци­ја на ва­ши­от дом. Кон­ден­за­ци­ја нас­та­ну­ва нај­чес­то на лад­ни пов­рши­ни ка­ко ѕи­до­ви­те или та­ва­нот на при­мер. Со по­мош на изо­ла­ци­ја так­ви­те пов­рши­ни мо­жат да ста­нат по­топ­ли и со тоа зна­чи­тел­но би се из­бо­ри­ле со вак­ви­от проб­лем.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma