Опоравете ја кожата со помош на ДОМАШНИОТ ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА: Прва помош после сончевото лето

popara16 септември, 20221min00
31489087a4a162ef08b3e0f09385afdfa084af55

Алое верата е исклучително ефикасна за изгореници

Алое верата се покажа како едно од најдобрите природни средства за смирување на кожата. Кога нанесувате производ што содржи алое вера, внимавајте ова растение да е застапено во голем процент.

Ова растение содржи природен протеин алоин, кој има антиинфламаторни и антиоксидантни својства.

Посебно е ефикасен ако вашата кожа е црвена, воспалена и ако сте претрпеле изгореници. Едно истражување во кое учествувале 371 лице покажа дека алое верата е особено ефикасна за лекување на изгореници од прв и втор степен.

Изгорениците од прв степен се помалку сериозни. Ќе ги препознаете по тоа што кожата е црвена, чувствителна на допир, влажна или отечена. Ако ја допрете областа, ќе забележите дека побелува.

Изгорениците од втор степен се потешки. Покрај споменатите симптоми, кожата е покриена со плускавци.

Гелот од алое вера ќе ја излади кожата кога ќе го нанесете на изгореницата, особено ако сте го чувале во фрижидер. Покрај тоа, благодарение на неговите корисни ефекти, ќе и помогне на кожата да се опорави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma