Популарната страница на Инстаграм, „Diet Prada“, откри дека Ким Кардашијан го заснова својот моден избор на тоа што носела манекенката Наоми Кембел.
Ким Кардашијан долги години е позната како најголемата трендсетерка која наметнува нови трендови, но тоа не било секогаш така. Некогаш ја прозиваа за нејзиниот препознатлив стил, денес се караат за неа, но дури сега е откриено дека повеќето нејзини креации се всушност копии.
Ким никогаш не криела дека е инспирирана од моќните жени како Шер, но никогаш јавно не проговорила дека инспирацијата за повеќето нејзини изгледи ја наоѓа во познатата манекенка Наоми Кембел.
Имено, таа се повеќе „посегнува по старите изданија на познатата манекенка, а тоа стана толку забележливо што неодамна се појави цела галерија од копирани изданија на страницата на Инстаграм Diet Prada.
Почнаа да се редат коментари на сметка на фотографиите, а повеќето од нив го коментираа истото. „Наоми во сѐ изгледа подобро од Ким“, „Кога воопшто беше оригинална“, „Конечно некој забележал“ беа најчестите.
Она што е јасно како ден е дека Ким се менуваше и се трансформираше со текот на годините. А како ќе заврши или ова е само почеток на приказната за стилот на копирање, времето ќе покаже.