Стара оптичка илузија која прикажува мачка повторно се појави на социјалните мрежи и целосно ги збуни корисниците.
Оваа илузија ги става луѓето во дилема – дали мачката оди нагоре или надолу по скалите?
Додека едни тврдеа дека мачката се качува по скалите, други тврдеа дека се спушта.
Откако е објавена на Твитер, оваа оптичка илузија собра речиси 19 илјади лајкови.
Во коментарите имаше различни објаснувања од оние кои мислеа дека се качува по скали и оние кои мислеа дека се симнува.
За сите оние кои се збунети, еве ја помошта.
Мачката се симнува по скалите, а ние имаме прилично издржани објаснувања за тоа.
Најпрво, работ на скалите штрчи над самите скали, а второ е сенката под надвиснатиот дел од скалите под мачката.