Поранешната позната манекенка Хајди Клум на базен разменила нежности со својот сопруг Том Каулитц
Хајди е ѕвезда на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде често објавува фотографии. Во неодамнешната објава на споменатата мрежа, таа предизвика голема врева со необична, но симпатична фотографија од нејзиниот сопруг. Како што може да се види од приложениот материјал, двајцата уживале во сончевите летни денови – релативно голи.
Иако нејзиниот сопруг Том Каулитц си го покри долниот дел со пешкир, не можеме, а да не претпоставиме дека тој сепак ја скокоткал фантазијата на следбениците на Хајди на Инстаграм.
Фотографијата може да ја погледнете ТУКА
Сепак, изненадувањата никогаш не завршуваат. Набргу по нивната заедничка фотографија, следеше уште една, која секако ја израдува машката страна од публиката на Хајда. Имено, германската манекенка ја искористи приликата да се слика топлес покажувајќи ја својата витка линија и исончаниот тен.
Фотографијата може да ја погледнете ТУКА
Хајди Клум е во брак со музичарот Том Каулитц од 2019 година. Тие често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи и не кријат дека сѐ уште се многу вљубени.