Сексологот Џес О Рајли откри како да постигнете оргазам за време на спиењето.
Тој прво истакна дека мажите имаат двојно поголема веројатност да доживеат оргазмот во сон во споредба со жените, а потоа откри и како. Според неговото стручно мислење, доколку жените спијат на стомак, големи се шансите да постигнат оргазам.
Имено, оваа поза овозможува стимулација на клиторисот и се поврзува со живите соништа. Како што истакна д-р Џес, шансите се особено зголемени доколку долго време не сте доживеале оргазам, како и кога сте уморни.
Возраста исто така игра важна улога со оргазмот за време на спиењето.Така жените во четириесеттите и педесеттите почесто може да доживеат оргазам додека спијат.