Речиси секоја жена барем еднаш во животот посакала да се бојадиса или исшатира, но сепак не се осмелила на тој чекор. За среќа, постојат начини како природно да ја осветлите косата
Убавата коса е она кон што се стремат повеќето жени, а денес со широк спектар на различни бои, третмани и слично, жените се во виорот и маѓепсан круг што да пробаат и малку да го променат својот изглед. Многумина од нас се свесни за штетата што боите и бланшот и ја нанесуваат на косата и дека најкраткиот начин да се уништи е токму тоа. Овие препарати и хемикалии ја сушат и оштетуваат косата, понекогаш дури и трајно, менувајќи ја нејзината текстура.
Сепак, и покрај тоа, многу жени со задоволство повторно ќе се залетаат на фризер за да направат нова фризура и сл. Оштетената коса ќе бара потстрижување, што ќе ве врати на почеток, па можеби понекогаш е подобро да ја смените перспективата и да ги преземете работите во свои раце. Доколку сакате да ја осветлите косата без да трпите хемикалии, постојат алтернативни начини, кои можеби нема да дадат најпрофесионален ефект, но барем ќе имате природно осветлена и здрава коса. Најдобар ефект се забележува на светлата коса, додека на темната коса ќе даде карамел нијанси.
Сок од лимон
Наједноставниот и најефективен избелувач што го препорачуваат многумина е сокот од лимон во комбинација со престој на сонце. Исцедете половина лимон во шолја, а потоа измешајте го со две шолји вода и истурете го во шише со распрскувач. Испрскајте одредени делови од косата, но не и скалпот, а доколку сакате целосно осветлување, испрскајте ја целата косата. Излезете на сонце час или два.
Камилица
Сварете чај од камилица и истурете во шолја да се излади. Префрлете ја камилицата во шише со распрскувач и испрскајте на поединечни делови или на целата коса и излезете на сонце. Пожелно е да останете околу половина час и да чекате косата да го впие овој третман. После тоа, измијте ја косата со шампон и нанесете регенератор, практикувајте го ова до два пати неделно за добри резултати. Применувајте онолку долго колку што мислите дека треба, односно додека не ги видите првите ефекти.
Пиво
Можеби некои дами се љубители на пиење пиво, но треба да знаат дека можат да го стават во корист на негата и убавината, бидејќи дава одлични резултати ако сакате да бидете светли или да ги добиете тие прамени. Поради концентрацијата на витамин Б, пивото совршено ќе ја нахрани вашата коса и ќе и даде здрав изглед, а светлото пиво е особено познато како добар избелувач на косата. Можете да го нанесете директно на вашата коса со мачкање или прскање, или можете да го измешате во вашиот шампон. После тоа, излезете на сонце од половина час до еден час и ќе добиете фантастични резултати.