Ослободете се од БИГОРОТ како од шега: Четири начини да направите вашата бања да заблеска и засекогаш да се ослободите од нечистотиите

popara23 октомври, 20221min00
ciscenje-lavabo-kupatilo-2048x1362

Повеќе нема да страдате со оваа „напаст“

Колку и да ја чистите бањата, секогаш ќе има бигор.

Сепак, постојат некои трикови кои ги користат искусните домаќинки, а кои како од шега го отстрануваат бигорот.

Ако ги користите редовно, бигорот повеќе нема да ви задава задава главоболка.

  1. Филтер за вода

Добро би било доколку користите филтри, а најдобри се оние кои се прикачуваат за славината, кои многу ефикасно ги отстрануваат нечистотиите, опасните органски соединенија, бактериите, тешките метали.

  1. 2. Омекнувач на вода

Омекнувачите на вода се уреди кои ги отстрануваат калциумот, магнезиумот и другите минерали од водоводот и се одличен начин за спречување на појавата на бигор.

  1. Чистење на водоводот

Најважната опција за превентивно спречување на појавата на бигор! Чистете го водоводот што е можно почесто, а со омекнувачот за вода ќе имате добитна комбинација, па дури и можете да заборавите на создавањето на оваа „напаст“!

  1. Раствор од сода бикарбона

Оваа течност може да биде ваш голем сојузник во чистењето на плочките. Сода бикарбоната е одлична за многу работи, а кога е бигорот во прашање, најдобро делува кога се комбинира со оцет. Помешајте една лажица сода бикарбона со 150 мл оцет и истурете ја во цевката. Потоа оставете го растворот да отстои околу 20 минути, а на крај исплакнете со топла вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma