Потребно е само малку време да се направи домашна маска за лице. Ако имате проблеми со мозолчиња, оваа маска е одлично решение.
Денес, правиме домашна маска за лице за мрсна кожа што ќе спречи појава на акни.
Маска за лице од цимет и мед
Циметот има антибактериски соединенија и е ефикасен против Staphylococcus aureus, бактериите кои предизвикуваат акни. Кога се комбинира со мед, помага да се одржи кожата чиста со намалени воспалителни процеси.
Потребно е:
- 1 лажичка мед
- прстофат цимет во прав или 1 капка масло од цимет
Постапка:
Прво измешајте ги двете состојки, а потоа нанесете на лицето. Почекајте 5 до 10 минути, а потоа исплакнете.
Внимание: Циметот кај некои луѓе може да предизвика иритација на кожата, па доколку забележите црвенило не треба да го нанесувате понатаму.