Многу девојки ги нервира мирисот, поради што често мораат да ја мијат чистата коса
Еден од најголемите непријатели на девојките непушачи, а често и на пушачите, е мирисот на чадот од цигари во нивната коса.
Ова може да биде особено фрустрирачко ако косата е чиста и немало да има потреба да се мие ако не бил тој задушувачки мирис. Па, на кои навики треба да внимаваме ако не сакаме мирис на чад во косата после секое излегување?
Подолу се дадени неколку брзи и лесни начини да одржите вашата коса да мириса убаво и свежо.
Користете сув шампон со мирис
Кога станува збор за тоа вашата коса да изгледа свежо и да мириса на чисто за неколку секунди, првиата работа што ќе ви помогне е шампонот. Препорачуваме да користите миризлив сув шампон за да ги маскирате сите мириси во вашата коса што е можно побрзо.
Издувајте ја косата со фен
Дали знаевте дека користењето фен за коса на смрдлива коса може да помогне да се елиминира мирисот? Појачајте го фенот и поминете со него по целата должина на косата за повторно да мириса на чисто.
Редовно мијте ги чешелот и четката за коса
Како што мора редовно да ја миете косата, исто така мора да ја одржувате хигиената на чешелот и четката за коса. Ако не ја исчистите четката за коса, тоа може да ги зголеми непријатните мириси на вашата коса.