Ослободете се од молците без употреба на хемикалии
Понекогаш дури и амбалажата не може да ја заштити храната од овие досадни инсекти, но има начини да излезете како победници од оваа борба.
Топлите и влажни места никогаш не се добар избор за чување храна, а една од причините е тоа што на такви места има молци. Меѓутоа, молците можат да се вселат и во вашата гардероба и да ја уништат вашата омилена облека.
Затоа е најдобро храната да се чува во посебни тегли со капаци. Исто така, храната во пластична амбалажа е лесен плен за инсектите, особено за молците. Тие се и големи љубители на цели зрна, кафеав ориз, хељда, брашно итн.
Лаванда, маточина
Ако сакате вашата храна да биде безбедна, тоа можете да го направите на многу лесен начин. Во вашите кујнски шкафови треба да оставите средства за заштита од молци, како што се лаванда или маточина. Исто така, ако сакате да се ослободите од молците, направете приврзок од парче дрво, а потоа попрскајте го со масло од пачули. Потоа закачете го приврзокот во плакарот каде што ја чувате облеката или во кујната каде што чувате храна. Ако не ви се допаѓа мирисот на пачули, можете да додадете и неколку капки есенцијално масло од лимон или грејпфрут.
Направете сами
Од молците можете да се ослободите со помош на распрскувач против молци кој можете и сами да го направите. Потребна ви е една лажица алкохол, 30 капки етерично масло од лаванда и децилитар дестилирана вода. Соединете ги состојките во шише, протресете, а потоа испрскајте ја површината на полицата од шкафот.
Познато е дека од инсектите можете да се ослободите со разни растенија кои имаат интензивен мирис, а молците можете да ги избркате со ловоров лист. Неговиот интензивен мирис ќе спречи тие да се вселат во вашиот плакар, а доволно е да ги ставите листовите на полицата.