Преголемата количина на влага во домот може негативно да влијае на здравјето, особено на респираторниот систем. Но, лесно може да се ослободите од неа со помош на намирници кои веќе ги имате по дома.
Влагата е чест проблем во многу домаќинства, но нејзини најчести показатели се црната мувла по ѕидовите и ќошињата. Освен тоа, во влажните простории може да се појават дамки од влага и непријатен мирис.
Најмногу влага се задржува во бањата, каде најчесто настанува мувла, а може да се појави и во подруми, простории со лоша изолација, базени и куќи покрај море.
За да се ослободите од влагата, прв чекор е сушење на воздухот во влажните простории, а тоа може да го постигнете со одвлажнувачи. Исто така е важно редовно да ги проветрувате тие простории. Ако забележите појава на влага и мувла, може да ги направите овие домашни средства:
- Сода бикарбона
Сода бикарбона ефикасно го апсорбира вишокот влага. Измешајте две шолји вода и една лажица сода бикарбона, добро измешајте додека содата не се растопи и ставете ја течноста во сад со распрскувач. Испрскајте ги критичните делови и чистете со четка додека не исчезне мувлата.
- Алкохолен или јаболков оцет
Природно средство за дезинфекција е оцетот, без разлика дали е алкохолен или јаболков, ефикасно делува против црната мувла. Неразредениот оцет ставете го во сад со распрскувач и испрскајте каде што има мувла. За мирисот не се грижете, ќе исчезне по неколку часа.
- Ефикасен спреј против мувла
Со оваа комбинација може да ги елиминирате мувлата и влагата.
Потребни состојки:
-половина шолја оцет
-1 шолја вода
-1 лажица сода бикарбона
-6 капки етерично масло од лаванда и лимон
Начин на подготовка:
Растопете сода бикарбона во водата, па додадете оцет и етерично масло. Течноста ставете ја во сад со распрскувач и напрскајте ги местата зафатени со мувла. Оставете неколку часа да постои така. За да спречите создавање на друга мувла, повторете ја постапката и во следните денови, без плакнење.