Ослободете се од салото на стомакот и видете разлика за 4 недели: Вид на тренинг кој мора да го пробате

popara9 декември, 20221min00
shutterstock714513946-830x0

Според бројни студии, луѓето кои сакаат да изгубат тежина треба да вклучат тренинзи со висок интензитет (HIIT) во нивната неделна рутина за вежбање.

Кога зборуваме за слабеење, експертите советуваат да се започне со два методи – диета и вежбање, пренесува „Експрес“.

Иако секоја активност е важна и добра, една стратегија за вежбање се покажа како поефикасна од кардио.

Кога станува збор за согорување на маснотии, најефективниот тренинг е дефинитивно тренинзите со висок интензитет бидејќи го принудуваат телото да ја користи енергијата од маснотиите, што ги прави поефикасни за губење маснотии.

Студијата објавена во списанието „Journal of British Sports Medicine“ покажа дека оваа форма на вежбање согорува повеќе масти отколку аеробни вежби, што е добра вест за луѓето кои сакаат брзо да ослабат.

Првите резултати можете да ги видите веќе по четири недели, а тие можат само да се подобрат со текот на времето.

HIIT е тренинг кој вклучува вежби со висок интензитет. Овој начин на вежбање е популарен меѓу оние кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми, а наводно овој тренинг го забавува и стареењето.

Кога станува збор за HIIT тренинг, правило е да се прават брзи вежби со пократки периоди на опоравување, а се вели дека таквиот ритам помага да се согорат повеќе калории за пократок временски период отколку што е случајот со традиционалните вежби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma