Ако имате темни кругови околу очите кои секое утро ги прекривате со коректор, ова алтернативно решение дефинитивно ќе ви се допадне.
Брзо е, евтино, ефикасно и долготрајно.
Потребно е да земете неколку ливчиња свежо нане, да ги измешате во блендер и да додадете неколку капки маслиново масло.
Изблендирајте ја оваа комбинација и свежата маст нанесете ја под очите пред спиење и оставете ја да делува.
Постапката повторувајте ја додека не забележите подобрување.
Подочниците се последица на неправилна исхрана, претерано внесување на токсини и недостаток на сон.
Покрај овој лек практикувајте сон од најмалку 8 часа дневно, пијте најмалку 1 литар вода и намалете го количеството на алкохол или цигари.