Најновото истражување покажа дека храната е повкусна ако ја јадеме со раце, но и многу поздрава!
Нема човек кој не јадел пица или сендвич со раце, освен во некои ресторани кога правилата на бонтон налагаат дека сепак би било подобро и покултурно да се користи прибор.
Сепак, заборавете на манирите, бидејќи најновото истражување, директно од Универзитетот во Оксфорд, откри дека јадењето со прсти, без прибор, ни помага да бидеме посвесни за тоа што го јадеме, а нашата храна има подобар вкус.
„Многу популарни намирници ширум светот се јадат со раце, како што се хамбургери, пици, тако, тортиљи, пилешки крилца, па зошто да не се јаде и другата храна на тој начин. Приборот всушност ви пречи и ве оддалечува од вашите сетила“, објасни психологот и професор од Оксфорд Чарлс Спенс.
Претходно овој професор зборуваше за тоа колку е поздраво да се шмата додека се јаде и дека не треба да се срамиме да го правиме тоа. Исто така, некои дополнителни истражувања потврдија зошто некои луѓе сакаат да јадат со раце и потврдија дека тогаш нивната храна е многу повкусна. Самото допирање на храната со усните го поттикнува мозокот да ја почувствува целокупноста на вкус и мирис. Сепак, важно е да не заборавите темелно да ги измиете рацете пред секој оброк, а доколку сте во движење, избришете ги со влажна марамица или алкохол и користете салфетки кога ја држите храната во раце.