Оставивте храна на масата преку ноќ? 7 намирници кои може да ги држите НАДВОР ОД ФРИЖИДЕРОТ без оглед на годишното време

popara20 мај, 20221min00
294575_shutterstock-603106244_ff

Сигурно ви се случило неколку пати да оставите малку храна на масата или во кујната, па следниот ден да се запрашате дали е безбедна за јадење.

Има намирници кои бараат ладно и им треба фрижидер, има и такви кои не можат да се држат долго отворени, но има и такви кои можат да издржат неколку дена, а сепак да бидат совршен оброк.

Но, да не заборавиме, има и намирници кои никако не смеете да ги оставате во фрижидер, како лебот.

Леб

Не треба да се чува во фрижидер бидејќи така ќе се постигне контраефект и ќе се исуши. Лебот може да остане неколку дена во куќата и да се јаде, само прашање е колку го сакате свеж, но сигурно нема да му биде ништо ако остане пет дена.

Пити и колачи

Особено кога станува збор за овошни пити, чувајте ги два дена на собна температура, а следните два можете да ги чувате во фрижидер, но после тоа не е безбедно за јадење. Колачите во кои има јајца не треба долго да стојат надвор од фрижидер.

Путер

Можете да го чувате на собна температура неколку дена, но доколку сте го направиле сами, тогаш потребно е да го чувате во фрижидер.

Meд

Апсолутно не мора да стои во фрижидер, дури е идеално да биде на собна температура. Кечапот исто така не мора строго да се чува во фрижидер, но мислењата за ова сè уште се поделени.

Magnezijum, Zdrava hrana, Zdrava ishrana

Сирења

Сирењата можат да останат надвор од фрижидер до шест часа, додека на пример пармезанот може да биде надвор од фрижидер до 24 часа и да биде безбеден за јадење.

Овошје

Банани, јаболка, мандарини, лимони, лубеници… Овошјето не мора да го чувате во фрижидер, а по седум дена стоење можете да го ставите таму за да остане свежо уште неколку дена. Меѓутоа, ако сте почнале нешто од тоа, тогаш треба да го оставите на поладно место поради развојот на бактерии.

Зеленчук

Истото важи и за овошјето. Фрижидерот не е потребен освен ако веќе сте почнале да јадете дел од него, дури и зеленчукот е поудобен на собна температура отколку на ладење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma