Остин Батлер заради снимањето на „Елвис“ не се гледал со семејството три години

popara15 декември, 20221min00
27313989

Американскиот актер Остин Батлер откри за Variety дека не го видел своето семејство три години додека се подготвувал за улогата на кралот на рокенролот во музичката драма Елвис.

Остин имаше околу една и пол година да се подготви пред да започне снимањето на биографскиот филм на режисерот Баз Лурман.

“Се подготвував со режисерот Баз Лурман, а потоа отпатував за Австралија на снимање. Не разговарав со никого со месеци. Само размислував за Елвис и постојано го имитирав”, рекол тој.

“Бев фокусиран исклучиво на улогата. Дури и продолжив да зборувам како него, па еднаш на ист начин разговарав со сестра ми на телефон, а таа ме праша што не е во ред со мене”, раскажува тој во интервју за Variety.

Филмот на Лурман го документира метеорскиот подем на Присли до суперѕвезда во 1950-тите и ја истражува сложената врска на музичката легенда со неговиот менаџер Том Паркер, кој го игра Том Хенкс.

Батлер и претходно зборуваше за ефектот што го имаше улогата на Елвис врз него. Тој призна дека речиси целосно го „изгубил контактот“ со себе и со сопствената личност.

Но, истакна дека не жали за ништо и дека е подготвен да направи се за филмот да биде успешен. Во оваа намера успеал бидејќи „Елвис“ оствари профит од 276 милиони долари. Во интервју за Variety, тој исто така рече дека улогата на Елвис му помогнала да излезе од својата комфорна зона. „Претходно не танцував и не пеев јавно бидејќи бев многу срамежлив“, признал тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag