Непредвидливоста, се чини, е тајниот адут во ракавот на комичарот, продуцент и актер Пит Дејвидсон, со кој освојува толку многу убавици. Со него никогаш не знаете што би можело да му падне на ум, а бидејќи е духовит и шармантен, не е чудно што зад себе остава низа скршени срца кои не можеле да му одолеат. Последна во низата е една од најубавите манекенки во светот, Емили Ратајковски.
Пред неа тој ги бакнуваше Ким Кардашијан, Каја Гербер, Фиби Диневор и Аријана Гранде и изгледаа сите тие веруваа дека ќе му бидат најважните луѓе на светот. Се покажа дека во животот на шармантен и непостојан заводник, убавиците се менуваат брзо, а само една владее од сенките. А таа, со која тој толку ретко се појавува во јавноста, би можела да му биде најважна во животот. Станува збор за неговата четири години помлада сестра Кејси.
Неодамна отишле на традиционалниот празничен кошаркарски натпревар во Медисон Сквер Гарден, а бидејќи порано Кејси играла кошарка, нејзиниот постар брат ја изненадил со билети покрај теренот од каде има совршен поглед. Се подразбира дека и двајцата навиваат за Њујорк Никс и дека одењето на натпреварот мора да биде нивниот семеен ритуал. Со оглед на тоа што Емили Ратајковски неодамна беше фатена како се бакнува со уметникот Џек Грир, се чини дека убавата манекенка сепак не е „риба“ која комичарот лесно ја лови со својот шарм.
Нејзината врска со Пит Дејвидсон засега не е ексклузивна, па комичарот веројатно побарал совет од најважната жена во неговиот живот, неговата сестра. Познато е дека како деца го загубиле својот татко, пожарникарот Скот Дејвидсон, кој загинал помагајќи им на своите сограѓани за време на терористичкиот напад во септември 2001 година, па не е чудно што тие се толку блиски. Тој пораснал со својата мајка Ејми Вотерс Дејвидсон, медицинска сестра во средното училиште „Ксавериан“ во Бруклин, пишува „The Sun“.
Како што стојат работите, Кејси Дејвидсон, благо кажано, не е привлечена од забавната индустрија. По дипломирањето на Универзитетот Марист во Покипси (каде што играла кошарка), таа го избра патот на нејзината мајка. Гради кариера на полето на медицината и дава се од себе да остане во сенките. И повеќе од тоа: кога нејзиниот брат го снимаше полуавтобиографскиот филм „Кралот на Стејтен Ајленд“, таа се појави само во камео улога. Нејзината улога (сестрата на главниот лик) ѝ ја препушти на актерката Мод Апатоу, дури ни нејзиниот брат не успеа да ја убеди да се испроба пред камерите.
Имајќи го сето тоа на ум, не е изненадување што пристигнувањето на Кејси Дејвидсон на празничниот кошаркарски натпревар привлече толку големо внимание. Ако на својот брат му дала мудар совет како да го освои срцето на Емили Ратајковски, семејниот излет има посебна тежина.