„Мислев дека тоа е предизвикано од акумулиран замор, но не беше“, започна таа
Италијанската пејачка и водителка на овогодинешната Евровизија, Лаура Паузини, објави дека е позитивна на корона вирусот.
Паузини во саботата, за време на финалето почувствувала здравствени проблеми и исчезнала од програмата на неколку минути бидејќи ѝ паднал притисокот и за малку ќе се онесвестила.
Сега таа објави на Инстаграм и откри дека е заразена со корона.
– Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека е предизвикано од насобраниот замор, но не беше така – почна таа и додаде:
– Само што дознав дека сум позитивна на корона вирусот, поради што сум изолирана и не можам да патувам – напиша таа и додаде дека поради тоа нема да може да учествува на концертот „Amor a la Música“ на Флорида. .
Паусини беше водителка на Евровизија со Алесандро и Мика.