Актерот Роби Колтрејн, најпознат по улогата на Хагрид во филмовите за Хари Потер, почина на 72-годишна возраст, а сега е откриена причината за неговата смрт.
Како што пишува Deadline, Колтрејн починал поради откажување на повеќе органи, а во извештајот се вели дека имал и сепса, инфекција на долниот респираторен тракт и срцев удар.
Тој, исто така, веќе некое време се бори со дебелината и дијабетес тип 2.
Да потсетиме дека веста за неговата смрт ги потресе луѓето ширум светот, а од него се простија бројни колеги и пријатели, меѓу кои и Даниел Редклиф.
– Роби беше еден од најзабавните луѓе што некогаш сум ги сретнал и секогаш нè смееше како деца на снимањето – напишал Редклиф.
Ниту Руперт Грин, кој го играше Рон во филмовите за Хари Потер, не ја криеше тагата поради смртта на неговиот постар колега.
– Срцето ми се скрши кога слушнав дека Роби го нема. Никогаш нема да го заборавам неговиот мирис на пури и лепак за брада – прекрасна комбинација – напиша тој и додаде дека никој друг не може да го глуми Хагрид, освен Роби.
– Исто како што беше Хагрид во книгите и филмовите, така и Роби беше во животот – топол, сочувствителен и смешен. Човек со големо срце кој сè уште се грижеше за нас дури и децении подоцна. Се гледаме од другата страна Бобсер – додаде тој.