ОТКРИЕНО ЗОШТО ЛЕО ДИКАПРИО ГИ ОСТАВА ДЕВОЈКИТЕ КОГА ЌЕ НАПОЛНАТ 25 ГОДИНИ! Пријател откри ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ за популарниот актер

popara3 септември, 20221min00
Screenshot_6

Кога светот дозна дека Леонардо ди Каприо ја прекинал 4-годишната врска со актерката и модел Камила Мороне (25), многумина се присетија на „правилото“ кое вели дека актерот никогаш јавно не излегува со жена постара од 25 години.

 

 

 

Уште од 1999 година, кога се забавуваше со манекенката Жизел Бундшен која тогаш имаше 18 години, Лео крај себе никогаш немал девојка постара од 25 години.

 

И додека социјалните мрежи се шегуваат, па дури и на подбивен начин го исмејуваат славниот актер, извор близок до Ди Каприо објаснил за „Page Six“ што всушност се крие зад ваквото негово однесување.

„Кога девојките ќе наполнат 25 години, тие бараат нешто повеќе. Сакаат да се омажат и да се „скрасат“. Тоа не е она што Лео го сака, тој не сака семејство ниту сака да биде со жена која ќе го тера на тоа“, раскажал неименуваниот извор.

 

„Штом ќе запознае девојка, часовникот започнува да отчукува. Ако по неколку години стане престара, тогаш станува минато. Иста е ситуацијата ако се обиде премногу да му се доближи“, додал изворот и напоменал дека „Леонардо можеби старее, но неговиот вкус не“.

 

Изворот открил и што е тоа што ги привлекува девојките кај Ди Каприо кој е двојно постар од нив.

„Тој за нив е сè уште Џек од Титаник. Апсолутно нема врска што овие денови повеќе изгледа како таткото на Џек“, се пошегувал изворот.

 

Последната „жртва“ на овој феномен е манекенката Камила Мороне со која Лео започна да се забавува во 2017 година. Иако многумина мислеа дека нивната врска е сериозна, откако таа во јуни оваа година го прослави 25-от роденден, пристигна веста за разделувањето на парот. Според некои – сосема очекувано.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag