По исцрпна селекција на актери, драмата „The Crown“ конечно ги пронајде актерите кои ќе се појават во улога на принцот Вилијам и Кејт Милдтон во шестата сезона.
Продуцентите одбраа двајца актери за улогата на британскиот принц, одбрани се да го толкуваат неговиот лик како од тинејџер станува млад маж, пишува Deadline.
Тинејџерот Руфус Кампа ја презеде улогата на принцот Вилијам од 15 години, додека Ед Меквеј ќе го портретира во доцните тинејџерски години и како возрасна личност.
За улогата на Кејт е одбрана Мег Белами.
Кампа ќе се појави во епизодите кои прикажуваат како британското кралско семејство се носело со трагичната смрт на принцезата Дајана, која почина во август, 1997 година.
'The Crown' has found its Prince William & Kate Middleton for S6 in three screen newcomers:
• Teenage William — Rufus Kampa
• William in his 20s — Ed McVey
• Kate — Meg Bellamy
(via @DEADLINE | https://t.co/WLY6Zr1KOc) pic.twitter.com/GZBKwa7h6B
— Fandom (@getFANDOM) September 2, 2022
Шестата сезона на „The Crown“ означува професионално деби за тројцата споменати актери. Снимањето започнува кон крајот на годината.
Петтата сезона треба да се прикажува на Netflix во ноември годинава, со Имелда Стаунтон како кралицата Елизабета, Лесли Менвил во улога на принцезата Маргарет, Џонатан Прајс како војводата од Единбург принц Филип, Елизабет Дебицки како принцезата Дајана и Доминик Вест во улогата на принцот од Велс.