Откриен синопсисот и името на вториот „Аватар“ филм

popara28 април, 20221min00
mv5bmtawnduymtu2ndveqtjeqwpwz15bbwu3mdq1otc1oti.v1sx1777cr001777996al-830x0

Официјалниот наслов за филмот на Џејмс Камерон „Аватар 2“ беше откриен во вторникот на настанот CinemaCon во Лас Вегас.

Научно-фантастичниот филм, кој ќе излезе на 16 декември, ќе се вика „The Way Of Water“.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Зои Салдана, Сем Вортингтон, Сигурни Вивер, Кејт Винслет, Вин Дизел и Тринити Блис.

Како дел од овој настан, Дизни претстави и нова снимка од филмот додека на гостите им беа дадени 3Д очила за да го гледаат трејлерот, пишува „Variety“.

Веб-страницата наведува дека снимката нема звук, а публиката била однесена во „различни региони низ светот Пандора преку фантастичните визуелни слики на кристално сините океани и езера на планетата.

На видеото се гледа и локалното племе Нави во интеракција со различни видови кои личат на китови и пеликани.

Дејството на филмот се одвива повеќе од една деценија по настаните од првиот дел, пишува „Дејли мејл“.

“Џејк Сали и Неитири создадоа семејство и прават сè за да останат заедно. Сепак, тие мора да го напуштат својот дом и да ги истражат регионите на Пандора. Кога античката закана повторно ќе се појави, Џејк мора да води тешка војна против луѓето”, се вели во соопштението.

„Аватар 2“ ќе дебитира во кината на 16 декември, а останатите продолженија на 20 декември 2024 година, 18 декември 2026 година и 22 декември 2028 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma