Откриен хибрид на Делта и Омикрон?!

popara9 јануари, 20221min00
Screenshot_8

Досега се откриени 25 случаи на овој хибрид. Критичарите, сепак, велат дека тоа е вообичаен случај на контаминација

 

Хибрид од делта и омикрон варијантите на ковид-19, наводно, бил откриен на Кипар.

 

Досега се откриени 25 случаи на овој хибрид. Критичарите, сепак, наведуваат дека ова е обичен случај на контаминација.

 

Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече новиот хибрид „делтакрон“ и во петокот предупреди дека светот „во иднина ќе види дали овој вид е попатолошки или заразен или ќе преовладува“ над сегашните варијанти.

 

25 случаи на делтакрон се веќе евидентирани и пријавени во базата на податоци за мутации на GISAID ковид-19.

 

Кострикис, сепак, рече дека хибридот најверојатно ќе биде совладан од варијантата омикрон, која веќе масовно циркулира.

 

Иако некои изразија загриженост поради извештаите за друга варијанта, неколку научници го отфрлија откритието како лажна тревога.

– Кипарската секвенца на „делтакрон“, која ја објавија неколку големи медиуми, изгледа сосема јасно како контаминација – тврди вирологот Том Пикок.

 

Засега нема официјални потврди за новиот хибрид.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma