Сунѓерот го користиме не само за миење садови, туку и за чистење на шпоретот, полиците во фрижидерот, кујнските шкафчиња и слични места.
Едно истражување покажа дека со користење на сунѓерот за миење садови шириме милиони бактерии низ куќата.
Сепак, можеме да отстраниме дури 99 отсто бактерии од сунѓерот ако го ставиме во микробранова печка 90 секунди!
Што треба да се направи?
- Во микробранова печка смеете да ставите само сунѓери без метал.
- Сунѓерот мора да биде влажен. Добро намокрете го пред да го ставите во микробрановата печка.
- Вклучете ја на највисока температура 90 секунди и ќе отстраните 99 проценти од бактериите, вклучувајќи ја и ешерихија коли.
- Внимателно извадете го сунѓерчето и оставете го да се олади пред употреба, бидејќи ќе биде многу жешко и може да предизвика изгореници.