Сезоната на грозје пристигна на големо, а ретко кој не го сака ова овошје. Богато е со витамини од групата Б
За време на одгледувањето и зреењето често се третира со пестициди, а бидејќи има карактеристичен облик, пестицидите често остануваат на грозјето и по миењето.
Токму поради оваа причина, потребно е темелно да се измие, но само водата не е доволна. Со овој едноставен трик ќе бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите пестициди и отрови од грозјето.
Важно за миењето е да почекате да го измиете грозјето ако не планирате веднаш да го изедете. Ако веднаш го измиете, ќе поттикнете дополнителна влажност, а овошјето побрзо ќе се расипува.
Миење грозје со оцет
Измешајте раствор од вода и оцет. Ова е најефективната концентрација за отстранување на бактериите и пестицидите. Во два литра вода додадете две лажици оцет.
Ставете го грозјето во овој раствор и оставете го да отстои 5-10 минути. После тоа, исплакнете го секој куп одделно со ладна вода. Овој процес ќе ги измие сите останати бактерии или остатоци од пестициди и не грижете се, нема да има вкус на оцет или да го промени вкусот на грозјето.