Отстранете го целиот бигор од електричниот бокал: Со помош на овие намирници од кујната

popara24 декември, 20221min00
Screenshot_8

Бигорот во бокалот нема да направи проблем ако го отстранувате барем еднаш месечно. Без разлика дали имате електричен бокал или обичен чајник, бигорот со текот на времето ќе се насобере на sидовите, а главната причина поради која тоа се случува е „тврдата“ вода. За жал, бигорот го расипува вкусот на кафето и чајот, па вреди да се отстранува редовно, на пр. еднаш месечно.

 

 

 

Истурете 1/2 чаша оцет и 1/2 чаша вода во бокалот. Зовријте ја течноста и оставете ја да отстои околу еден час. Не го отворајте бокалот некое време. Ако вашиот бокал има голем капацитет, може да ја зголемите количината на течност, особено ако бигорот е насобран во дебел слој по ѕидовите. По еден час, истурете ја водата со оцет. Наполнете го бокалот со чиста вода, зовријте ја и истурете ја. Повторете го ова 2-3 пати. Благодарение на ова, ќе се ослободите од непријатниот мирис на оцет.

 

Лимонска киселина

Ова е најлесниот, најбрзиот и најбезбедниот метод. Сè што треба да направите е да го наполните бокалот со вода, да додадете 5 лажици лимонска киселина, да оставите водата со лимон да проврие и да ја оставите да отстои цела ноќ. Утрината, едноставно истурете ја водата со лимонска киселина, наполнете го бокалот со чиста вода, повторно провријте ја и истурете ја. По ваквиот третман, бокалот ќе биде како нов.

 

Сода бикарбона

Користењето на сода бикарбона за отстранување на бигорот е добра идеја. Ставете во бокалот малку топла вода и истурете 2 лажици сода бикарбона на дното. Содата бикарбона ќе се справи дури и со подебел слој на бигор во електричниот бокал.

 

Кока-кола

Одамна се зборува дека за чистење на тоалетот најмногу помага Кока-колата. Оваа слатка течност успешно се справува со нечистотиите. Ако сакате да го отстраните бигорот, едноставно истурете Кока-кола, дополнете го бокалот со вода и зовријте ја течноста. Во оваа течност може да додадете и една лажица сода бикарбона.

 

Ако не верувате во овие домашни методи, можете да купите средство за отстранување бигор, на пр. во форма на вреќички за еднократна употреба и да го исчистите вашиот бокал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag