Нетфликс официјално потврди дека ќе се снима третата и четвртата сезона на серијата „Емили во Париз“. Втората сезона беше премиерно прикажана на оваа стриминг платформа на 22 декември и веднаш се смести во 10-те најгледани наслови на глобалната листа на Нетфликс.
Во 94 земји низ светот, втората сезона се гледала неверојатни 107,6 милиони часови помеѓу 22 и 26 декември.
„Емили во Париз“ ја следи Емили Купер, млада жена во своите дваесетти години, која се сели од САД во Париз, каде што почнува да работи за француска маркетинг компанија, каде што е задолжена за бум на нивните социјални мрежи.
Дарен Стар, кој беше автор на Сексот и градот, ќе продолжи да работи на серијата:
– „Сексот и градот“ беше прекрасна, но оваа серија е едноставно прекрасна. Беше снимена многу филмски. Телевизијата сега е повеќе како кино, а снимањето во Париз беше важно, така што навистина направивме сите кадри да изгледаат одлично. Се снимаше повеќе како филм отколку како ТВ серија, рече Стар за својата нова надеж.
Се уште не се знае точно кога ќе започне снимањето на новите сезони или кога се очекува нивната премиера.