Падна конечната ОДЛУКА: Иако победи Украина, Евровизија следната година ќе се одржи во ОВАА земја

popara7 октомври, 20221min00
Evrovizija-kaverrrr

Водителот Греам Нортон вечерва откри каде ќе се одржи Евровизија 2023 и ги изненади сите.

Водителот на BBC откри дека музичкиот настан во 2023 година ќе се одржи во Ливерпул.

Тој во емисијата „The One“ најави дека домаќин на претстојната 67-ма Евровизија ќе биде споменатиот британски град, а тоа било одлучено на состанокот на BBC и Европската радиодифузна унија.

Водителот и комичарот им се придружи на водителите на шоуто Роман Кемп и Алекс Џонс за да ги споделат возбудливите вести по линкови во живо од Ливерпул и Глазгов за да ги овековечат реакциите во двата града додека тие најавуваа каде ќе се одржи натпреварот.

Да потсетиме, победник на Евровизија 2022 беше оркестарот „Калуш“ од Украина со песната „Стефанија“, а второто место го освои Велика Британија, поточно пејачот Сем Рајдер со песната „Спејсмен“. Со оглед на ситуацијата во Украина, одлучено е организацијата на Евровизија 2023 да биде „во рацете“ на Велика Британија.