ПАНТАЛОНИТЕ НА МОНИКА БЕЛУЧИ КОИ ГИ ОБОЖАВААТ ЖЕНИТЕ НА 50 ГОДИНИ: Класичниот модел кој ја издолжува фигурата е создаден за сите прилики

popara7 октомври, 20221min00
monica-bellucci-0727708923

Актерката Моника Белучи беше забележана во првиот ред на ревијата на Ели Сааб на модната недела во Париз во саботата.

58-годишната актерка ги сврте главите во црна облека од глава до пети, која изгледаше елегантно и моќно во исто време. Чувството на моќ што црната боја им го дава на луѓето е една од причините зошто таа има армија обожаватели кои ја носат кога сакаат да се чувствуваат попривлечно, поавторитативно и повлијателно.

 Monika Beluči 0727503197.jpg

Актерката е свесна и за предностите на црната боја, која често ја избира за јавни настапи.

Моника и на 58 години не се откажува да го гради својот стил на парчиња кои прават да се чувствува убаво, а во кои чувствува дека ѝ прилегаат и прават да се чувствува во хармонија со себе.

 Monika Beluči 0727333165.jpg

Овој пат таа се одлучи за долг црн капут, под кој носеше полупроѕирна црна блуза со машна на врзување. Тоа го спои со елегантни црни панталони во А линија, кои се парче кое секогаш вреди да го имате во вашиот плакар. Оваа класика никогаш не излегува од мода и изгледа одлично и во дневни и во вечерни прилики.

 monica bellucci

Филмската ѕвезда носеше мала црна чанта со златен синџир, украсена со светкави мониста. Ја пушти косата и го комплетираше изгледот со тркалезни очила за сонце.

Актерката беше придружувана од нејзината колешка Ева Лонгорија, која на ревијата пристигна во бел костум со шорцеви.

 monica bellucci