Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон раскинаа пред неколку месеци, но изгледа останале во пријателски односи.
Како што пренесуваат странските медиуми, двајцата постојано разменуваат пораки, особено поради драмата што се случи со нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.
За потсетување, Канје се најде на столбот на срамот поради антисемитските објави и поради тоа што носеше маица со натпис „White Lives Matter“ на модната недела во Париз.
„Многу луѓе ѝ се јавија на Ким за да ја поддржат, вклучувајќи го и Пит. Снима нов филм, но постојано се во контакт. Тој е прекрасно момче и Ким е среќна што можат да бидат пријатели“, рекол изворот, па додал:
„Пит и Ким често разговараат, а неколку недели по раскинувањето најдоа начин да бидат добри еден кон друг. Пит неколкупати ѝ пишувал за ситуацијата со Канје, бидејќи сè уште му е драга и сакал да види како е“.
Инаку, Канје Вест често го навредуваше Пит кога почна да излегува со неговата поранешна сопруга, нарекувајќи го со навредливи имиња, потоа објавувајќи видео во кое закопува анимирана верзија на актерот, а и многу повеќе.