ПЕДИКИР СО ПРИРОДНИ ПРЕПАРАТИ! Лимон за помеки пети

popara7 декември, 20221min00
440110_pedikir_f

Кога ќе дојде време за носење чизми речиси секој ден, повеќето луѓе размислуваат само да останат топли и не размислуваат да направат педикир. Вистина е дека во чорапите и затворените чевли никој не може да ви ги види стапалата, но напролет тешко е да се поправат овие грешки со еден третман

Козметичарите не потсетуваат дека во зима кожата потешко „дише“ во топлите и затворени чевли, а доколку нема соодветна нега, петите стануваат груби и пукаат. Еве неколку природни третмани за пети кои би можеле да ги применувате барем два пати месечно во студените денови.

Благодарение на неговата киселина, лимонот помага да се отстрани „мртвата“ кожа. Пресечете го на половина и со него нежно масирајте ги петите. Потоа подгответе топла купка за стапала со неколку капки сок од лимон. Држете ги стапалата во купката 15 минути, а потоа нежно истријте ги со камен или турпија. Добро исушете ги и намачкајте ги со крем. Поради зголеменото потење на нозете во зима се зголемува ризикот од развој на габични инфекции. Доколку и вие го имате овој проблем, секоја вечер после туширање бришете ги стапалата, особено кожата меѓу прстите и тријте ги со парче лимон. Тоа одлично ја дезинфицира кожата.

Лековита масажа

Масажата на стапалата носи повеќекратни придобивки: ја отстранува болката, грчевите, пулсирањата, пецкањето и непријатното чешање. Пред спиење, намачкајте ги дланките со есенцијално масло или хидратантна крема и масирајте ги стапалата со кружни движења. Откако ќе го направите ова, масирајте го секој прст посебно од коренот до врвот.

Измешајте две лажици сода бикарбона во сад со млака вода, така што двете стапала ќе бидат потопени и држете 10-15 минути. Истријте ги петите и стапалата и нанесете хидратантна крема или маслиново масло.

Маската од банана е идеална за нега на сува и испукана кожа на петите. Изгмечете презрела банана и нанесете ја маската на петите. Оставете да делува 25 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Нанесете ја маската еднаш неделно, а вашите пети со текот на времето ќе станат нежни и меки.

Еднаш неделно нанесете крема за стапала, завиткајте ги во проѕирна фолија и облечете чорапи. Носете ги неколку часа или, уште подобро, цела ноќ. Кожата ќе ги апсорбира сите потребни хранливи материи и ќе биде помека наутро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma