Пердувите се користат за украсување уште од античко време, а жените често ги ставаат во косата, облеката, капите… Овој тренд првпат започнал во 80-тите години на 19 век, кога е создадено кабарето.
Девојките кои играа во кабаре беа познати по своите фустани со пердуви и лента на главата, кои, во повеќето случаи, беа украсени со големо пердувче.
Меѓутоа, со текот на времето овој тренд излезе од мода и малкумина помислија дека ќе се врати на голема врата повеќе од 200 години подоцна.
Фустанот со пердуви оваа година е вистински хит на модните ревии, а судејќи по фотографиите на социјалните мрежи може да се заклучи дека дамите ги обожаваат. Меѓутоа, покрај елегантните фустани, модните дизајнери ја пуштиле фантазијата и направиле по нешто за секого.
1. Здолниште за секој ден
Порано пердувите се носеле исклучиво ноќе, односно вечерни излегувања, но со оглед на тоа дека модата и времињата се менуваат, сега е пожелно пердувите да се носат и преку ден.
2. Панталони
Поради дезенот и кројот, овие панталони сами по себе се полн моден хит. Но, кога ќе се додадат пердуви, тие оставаат сосема поинаков впечаток.
3. Топ со пердуви
Топовите со пердуви во комбинација со еднобојни панталони се вистинска добитна комбинација во која сигурно ќе бидете забележани. Во овие комбинации не треба да претерувате со накит и додатоци.
4. Синоним за елеганција
Моментално најбарани се фустаните кои се украсени со пердуви од почеток до крај, а можете да ги најдете во речиси сите бои. Фустаните кои се украсени со пердуви и само на долниот дел, оставаат впечаток на здолниште, а се многу практични и лесни за носење.