Заврши наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија СОБЕРИ 4 ПОЕНИ НА ТВОЈАТА ЛУКОИЛ КЛУБ КАРТИЧКА ИЛИ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА И ОСВОЈ ВРЕДНИ НАГРАДИ. Петре Шумкоски од Скопје е добитникот на главната награда – ваучер за патување во вредност од 250.000 денари.
„ЛУКОИЛ Македонија традиционално, секоја година организира наградни игри со цел да им се заблагодари, но и да ги изненади своите лојални потрошувачи. Предновогодишниот период е период на дарување и споделување радост. Токму поради тоа извлекувањето на главната награда и оваа година се случи пред Нова година кога го доделивме ваучерот за патување. На добитникот му посакувам патувањето да му остане во траен спомен”, изјави г-динот Андреј Куку регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
„Ова е најубавиот новогодишен подарок! Јас сум редовен корисник на горивото ЕКТО, и член сум на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата за лојалност. Придобивки од членството во програмата добивам постојано, ама кој би рекол дека може да добијам една ваква награда. Токму затоа на сите им порачувам да играат и да учествуваат во наградни игри, затоа што кој игра може да добие. Имам неколку посакувани дестинации, но сèуште не знам за каде ќе се одлучиме да го искористиме ваучерот. Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до ЛУКОИЛ Македонија што умеат да ја ценат лојалноста” – изјави добитникот на главната награда г-дин Петре Шумкоски.
Наградната игра започна на 24 октомври, а заврши на 25 декември 2022 година. Во тој период беа изведени вкупно 5 извлекувања и беа доделени – еден ваучер за патување во вредност од 250.000 денари, осум ваучери за пнавматици во вредност од 12.000 денари, триесет и два ваучери за гориво во вредност од 3.000 денари и дваесет ланци за гуми.