Иако земаме витамини за да го подобриме здравјето, понекогаш токму тоа може да создаде непријатни, но и опасни нуспојави. Особено ако земате многу во исто време. На што треба особено да внимавате?
Болка во стомакот
Проблемите што се појавуваат во гастроентеролошкиот систем може да бидат првиот сигнал дека сте зеле премногу суплементи. Може да ви се слоши, да повраќате или имате дијареја. Тоа се случува често кога земате суплементи без храна.
„Пиењето витамини на празен желудник често ќе предизвика проблеми“, наведува гастроентерологот д-р Кристин Ли.
Губење на косата
Ова е симптом поврзан со преголемо внесување на витамин А. За разлика од витамините растворливи во вода кои потоа се елиминираат преку урина, овој витамин може да се складира во клетките и тоа може да доведе до несакани појави како губење на косата. Тука се и витамините Д, Е и К кои можат да предизвикаат иста појава. Внимавајте само да ја земате вистинската доза, ништо повеќе.
Брзи или неправилни срцеви отчукувања
Ова може да биде алармантен сигнал дека земате премногу суплементи за губење килограми, бидејќи некои од нив содржат стимуланси. Тоа може да резултира со брзи и неправилни срцеви отчукувања, истакнуваат експертите.
Проблеми со црниот дроб
Премногу суплементи може да делуваат многу стресно на црниот дроб и да предизвикаат проблеми како хепатитис или дури и уништување, а постојат докази дека доаѓа до оштетување на црниот дроб при преголемо користење суплементи од екстракт на зелен чај.
Тоа е добра причина зошто треба со докторите да проверите колку треба да земате за да го заштитите здравјето на црниот дроб.
Претерано крвавење
Некои суплементи можат да оневозможат згрутчување на крв, што значи дека почесто ќе крвавите па дури и ќе имате сериозни епизоди на крвавење. Витаминот К е еден таков додаток во исхраната што може да спречи згрутчување на крвта кога се користи во комбинација со некои други суплементи, но секако за тоа треба претходно да разговарате со доктор.