Пет знаци кои покажуваат сте добри во кревет: Знаете да слушате, не се фалите…

popara9 март, 20221min00
Screenshot 2022-03-08 234840

Знаците дека сте добри во кревет не зависат од вашата сексуална природа, туку од вашата личност и индивидуалните карактеристики.

Не е лесно да се загрози вашата сексуалност

Ако одредени зборови го загрозуваат вашето его или имате листа на работи кои нема да ги правите, носите или говорите, бидејќи на некој начин го загрозуваат вашиот пол и сексуалност, тоа значи дека лесно се навредувате.

Опуштете се, ако се сакате себе и не се сомневате во тоа што ви се допаѓа (а не сте вознемирени затоа што на оние околу вас не им се допаѓа истото), нема причина да бидете толку лути на помислата дека морате, на пример, да користите розев молив доколку сте маж. Ако тие работи не ви пречат, тоа е прилично добар знак дека сте добри во кревет.

Добро слушате

Кога некој сака да ви каже нешто – внимателно го слушате и трпеливо ги обработувате информациите. Давате се од себе за да им угодите, а она што личноста ви го кажала целосно го задржувате за себе, освен ако не ви е кажано поинаку.

Забележувате какви допири и се пријатни на личноста, а и вам

Постои одредена доза на суптилност што една личност мора да ја совлада за да може да комуницира со луѓето околу неа. Ова ја вклучува способноста да чита суптилни знаци кои ви кажуваат кога на другата личност и е удобно и кога полека се повлекува и не е заинтересирана.

Сакате да им угодувате на другите

Ако сакате да им угодувате на своите блиски и сте среќни кога ќе видите насмевка на нивното лице, тоа значи дека сте добар љубовник.

Не чувствувате потреба постојано да се фалите

Оние кои се навистина способни во спалната соба и знаат дека тоа добро го прават, нема многу да зборуваат за своите активности, туку ќе ви ги покажат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma