Пет иритирачки навики на на (пре)вљубените парови

popara13 јули, 20221min00
62339823-par-zaljubljeni-par

По минувањето на тинејџерската љубов, доаѓа фаза кога знаеме што сакаме од партнерот и се раѓаат нови, цврсти љубови. Но, дали некогаш сте помислиле дека со влегувањето во сериозна врска станувате „еден од тие парови“ и што всушност значи тоа?

1. Се повеќе велат „ние“.

Би сакале да одиме…, јас и Марко го сакаме… не ни е проблем, ова се само дел од изјавите на таквите парови.

Сите парови го прават тоа, но кога тоа ќе стане правило и двајцата во врската ќе го изгубат своето „јас“ тогаш тоа може да биде доста иритирачко, но и опасно за нивниот идентитет.

2. Мислат дека секој состанок е резервиран за парови

Во „тие врски“ љубовниците забораваат дека состаноци има само со пријателки или само со другари.

3. Ги користат социјалните мрежи за да ја докажат својата љубов

Објави како „те сакаммм!“ или пак „уште малку и заедно сме“ треба да бидат резервирани за пораки и комуникација само меѓу вас како пар. Љубовта нека стане само „ваша“, не и на сите други.

4. Стануваат неуморни посредници во спојување на парови

Тие се толку ентузијасти за сопствената врска што едноставно мораат да им го понудат истото на своите сингл пријатели, па затоа им го „наместиле“ нивниот пријател. Тоа е убав гест, но може да биде и иритирачки.

Некои луѓе уживаат во својот соло живот, некои се свежо излезени од лоша врска, а некои едноставно не сакаат состанок на слепо. Со други зборови, ваквите парови треба малку да се „оладат“ и да уживаат во својата љубов.

5. Мислат дека нивниот партнер е поканет на сите забави на нивните пријатели

Пријателите прво ги сакаат своите пријатели. Понекогаш сакаат да ги гледаат со партнерот, но понекогаш сакаат да уживаат само во нивното друштво. Ова треба да се разбере бидејќи партнерот е сопствен избор, а не избор на пријател.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma