Ако не можете никаде без вашиот мобилен телефон, тоа не само што може да биде штетно за вашето здравје, туку влијае и на вашиот ум и продуктивност. Но и на хигиената
Многу луѓе, па дури и деца станаа зависни од мобилните телефони, па не се одвојуваат од нив дури и кога одат во тоалет, што воопшто не е безопасно.
Ако сте некој кој едноставно не може да замисли одење во тоалет без вашиот мобилен телефон, постојат ризици што треба да ги земете предвид. Не само што може да биде штетно за вашето здравје, туку влијае и на вашиот ум и продуктивност, а многу негативно влијае и на хигиената, пишува порталот „Brigh side“.
Може да поттикне ширење на штетни бактерии
Една неодамнешна студија покажува дека телефоните се повалкани од самиот тоалет. Утврдено е дека тие се покриени со ешерихија коли, штетна бактерија поврзана со цревни проблеми. Но, тоа не е единствената бактерија што можете да ја соберете во бањата.
Поголеми шанси за добивање хемороиди
Ова најверојатно се должи на времето поминато во тоалетот и притисокот врз вашите органи. Иако се потребни повеќе истражувања за да се потврди оваа врска, случаите на хемороиди се зголемени по воведувањето на паметните телефони. Па иако пишувањето на телефонот додека сте во тоалет понекогаш може да ве опушти, можеби несвесно предизвикувате некои здравствени проблеми.
Може да ја ограничи способноста за размислување
Мобилните телефони всушност ја нарушуваат концентрацијата и размислувањето, ограничувајќи ја нашата способност да работиме на некој проблем, дури и кога не ги користиме или се исклучени. Затоа времето кое го поминувате без телефонот да ви го одвлекува вниманието е клучно за вашиот ум.
Може да предизвика дисфункција на карличниот под
Поминувањето долго време на шолја додека мобилниот ви го одвлекува вниманието може да предизвика проблеми за вашите мускули. Нашите органи, како што се цревата, мочниот меур и матката, можат да ослабат бидејќи мускулите на дното на карлицата веќе не се доволно силни за да ги поддржат. Ова делумно се должи на нашето држење додека седиме на шолјата, особено ако сме наведнати на мобилниот долго време.
Зависноста се зголемува
Иако паметните телефони нè поврзуваат со светот, тие создаваат и зависност. Всушност, еден од 10 милениумци признава дека попрво би изгубил прст отколку својот мобилен телефон. Ова очигледно не е добар знак бидејќи покажува дека сме почнале да и вртиме грб на околината.