Пет совети за НЕГА НА КОЖАТА ВО ЕСЕН: За мазно, сјајно и здраво лице дури и во постудените денови

popara5 ноември, 20221min00
20cd2eec52507882fc97e83f18f06a6992e008d0

Дерматолозите советуваат како правилно да се грижите за кожата на лицето кога воздухот е сув и студен

Запловивме во есента и времето се менува, така и реакцијата на нашата кожа на новите временски услови. За време на постудените месеци, воздухот станува сув, како на отворено, така и во затворени простории поради радијаторите и разните видови греење. Кога кожата почнува да ја губи влагата, бариерата може да се наруши, предизвикувајќи зголемена чувствителност, сувост и иритација.

Затоа менувањето на рутината за нега на кожата на есен е клучно за одржување на вашата кожа здрава и среќна во текот на целата година.

  1. Хидрирајте ја многу чувствителната кожа со колаген или алое вера

Луѓето со чувствителна кожа или состојби како што се псоријаза или егзема може да доживеат пецкање или чувствителност со денови (дури и недели) во транзицијата од лето во есен.

„Најдоброто нешто што можете да го направите е да ја хидрирате кожата со есенцијални масла, серуми и креми. Нахранете ја кожата со еластин и колаген за да помогнете во процесот на закрепнување. Покријте ја кожата со ладно обработено алое и креми“, советуваат експертите.

  1. Одлучете се за побогат хидратантен крем

Поради промените во околината, важно е да се префрлите на погуста хидратантна крема пред спиење. Треба да ја ублажиме промената на временските услови со додавање на повеќе влажност на кожата и помагање да ја задржи.

  1. Користете хидратантна крема за усни и крем за очи

Ако овие две работи веќе не се дел од вашата рутина за нега на кожата, секако треба да бидат во постудените месеци. Исто како што се префрлате на подебел хидратантен крем, додавањето на овие производи ги хидрира вашите усни и кожата околу очите. Нашата кожа не сака нагли транзиции, а во оваа транзиција помага додавањето креми за усни и очи, истакнуваат експертите.

  1. Немојте често да користите пилинзи и ретиноиди

Намалете ја употребата на пилинзи и ретиноиди. Влажноста и високите температури во лето обично ги ублажуваат иритирачките ефекти на локалните ретиноиди и пилинзи, веројатно поради зголемената маснотија на кожата.

  1. Продолжете да користите заштитен фактор

Иако УВ зрачењето е најсилно во текот на летото, сепак е присутно во текот на четирите сезони. Кремата за сончање треба да се користи во текот на целата година, бидејќи помага да се намалат ефектите од УВ зрачењето, кое го забрзува и го зголемува ризикот од рак на кожата. Дерматолозите препорачуваат да се придржувате до дневниот заштитен фактор 30.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag