Пет совети како да го натерате да ви посвети повеќе внимание

popara8 мај, 20221min00
Screenshot 2022-05-08 162450

Мали трикови и совети кои ќе ви помогнат да го привлечете вниманието на личноста кон која негувате емоции.

Штотуку влеговте во врска или сте долго време со некого, се е како што сакате, но понекогаш ви недостасува да се посвети малку повеќе на вас. Можеби повеќе од неговото внимание и посветеност, но не успевате да го добиете?

Постојат неколку психолошки трикови со кои можете почесто да му го задржите фокусот.

  1. Натерајте го да мисли дека може да ве изгуби

Ако секогаш се согласувате да го видите и ставате во преден план, лесно може да помисли дека сте сигурна опција и дека не треба повеќе да се труди. Не мора секогаш да бидете достапни, договорете кафе со пријателите, прошетајте, накратко да покажете дека имате живот покрај него. Не му се посветувајте повеќе од потребното… Тој не мора во секое време да знае каде сте и со кого. Оставете му малку простор да размислува!

  1. Покажете разбирање без осуда

Генерално, на мажите им е тешко да зборуваат за своите чувства. За да го „натерате“ да ви се отвори, најдобро би било да започнете едноставен разговор кој полека ќе можете да го свртите во насока на неговата животна филозофија и емоциите што ги чувствува. Прашајте го дали му било тешко по раскинувањето со поранешната девојка, како ја доживува љубовта – но не осудувајте го и покажете разбирање.

  1. Ранливост

Ништо не се случува преку ноќ и за се е потребно време и труд. Ако во вас види личност на која и верува и која го разбира, ќе ви ги покаже и неговите слаби точки и неговата ранлива страна. Ваквите моменти ќе ве зближат и тој ќе најде засолниште во вас и негово мирно пристаниште.

  1. Подигнување на сексуалната привлечност

Едноставно кажано – сексот е многу важен за мажите. Не мора да изгледате како модел или да носите провокативна долна облека – бидете свои, иницирајте секс, покажете дека ве привлекува!

  1. Направете опуштена атмосфера

Ова е многу важно – ако разговорите ги поминувате така што постојано се жалите за нешто и зборувате за проблемите, ниту вие ниту вашиот партнер нема да се чувствувате убаво! Песимизмот ги брка луѓето… Обидете се да ги видите убавите работи во животот, да покажете дека сте задоволни со себе и од својот живот – кога испуштате таква енергија, другите луѓе ќе сакаат да бидат покрај вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag