Пет фустани кои ги привлекоа сите погледи на црвениот тепих во текот на 2022 година

popara29 декември, 20221min00
blejk-lajvi-en-hatavej-i-zoe-kravic-830x0

Црвениот тепих по кој прошетаа многу познати личности оваа година беше синоним за експериментирање, самоизразување и игра.

Годинава ќе остане запаметена по многу нешта – многу познати дами ѕирнаа во модната архива. Така, Ким Кардашијан годинава на Мет Гала носеше фустан на Мерлин Монро, а модната инспирација траеше до овогодинешниот Ноќ на вештерките, кога манекенката Хајди Клум уште еднаш ги собори сите од нога во костим од црв, пренесува „CNN“.

За вас ги избравме петте најистакнати модни моменти од црвениот тепих во 2022 година.

Зои Кравиц

Ќерката на познатиот пејач Лени Кравиц, Зои Кравиц донесе незаборавен фустан од модната куќа Оскар де ла Рента, кој го носеше на премиерата на филмот „Бетмен“ во Њујорк.

Блејк Лајвли

Победник на овогодинешната Мет Гала несомнено беше актерката Блејк Лајвли.

Таа носеше импозантен фустан од Версаче, кој беше симболична почит на архитектурата на Златното доба на Њујорк.

Ема Корин

Откако се прослави играјќи ја принцезата Дијана во четвртата сезона на драмата на Нетфликс, The Crown во 2021 година, Ема Корин покажа колку е подготвена да ризикува на црвениот тепих.

Корин пристигна на филмскиот фестивал БФИ во Лондон во впечатлив фустан како ќеса со златна рипка на едно рамо и покажа дека пред сè приоритет ѝ е на забавата и фантазијата.

Ен Хатавеј

На Канскиот филмски фестивал, актерката Ен Хатавеј не потсети колку едноставноста е синоним за вечен гламур. Актерката изгледаше незаборавно во бел фустан на модната куќа Армани за време на премиерата на филмот „Време на Армагедон“.

Зендаја

Со помош на нејзиниот долгогодишен стилист Лу Роуч, Зендаја успеа да го украде шоуто на 74. доделување на Еми наградите во септември оваа година.

Црниот фустан на Валентино без прерамки донесе впечатлив гламур на црвениот тепих.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma