ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО СЛАНИНА! Ручек од СОНИШТА

popara11 јануари, 20221min00
Screenshot_2

Ако немате идеја што да подготвите за ручек, ние секогаш имаме идеја. Направете крцкави компири со сланина

 

СОСТОЈКИ:

 

  • пет поголеми компири
  • 200 гр чадена сланина
  • половина лажичка лук во прав
  • две јајца
  • две лажици кисела павлака
  • 100 гр тврдо сирење
  • магдонос
  • сол, бибер
  • масло

 

 

Компирот излупете го и исечете го на парчиња. Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги компирите, па посолете и побиберете. Додадете лук во прав и промешајте.

 

Покријте ја тавата со фолија и печете 30 минути на 200 степени. Во меѓувреме, чадената сланина исечкајте ја на ленти, па измешајте со изматените јајца и ренданото сирење.

 

Со смесата прелијте ги компирите и вратете во рерна да се пече уште 15 минути. Посипете со ситно сечкан магдонос. Послужете топло со сезонска салата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma