Популарната пејачка Бијонсе важи за кралица на облините
Бијонсе на својот Инстаграм профил објави слика на која градите и позадината ѝ се во преден план.
Пејачката важи за дама која сега гордо ги носи своите облини, а тоа уште еднаш го докажа со комплет слики на кои позира во проѕирен фустан, а деколтето и задникот ѝ се прекриени со кристали.
„Кралица на облините“, „Каква слика“, „Изгледаш феноменално“, „Го сруши интернетот“, „Совршена жена“, ѝ напишале во коментарите.
А објавата може да ја погледнете ТУКА
На фотографиите изгледа самоуверено и смело, но Бијонсе не била секогаш сигурна во својот изглед. По втората бременост, кога носеше близнаци, таа за Vogue изјави дека и било тешко што јавноста ја проучува по породувањето.
Таа зборуваше и за промените во телото и за Ел: „Да ми кажеше некој пред 15 години дека моето тело ќе помине низ толку многу промени и дека ќе се чувствувам поженствено и побезбедно со моите облини, немаше да му верувам .