Пејачката покажа слика од детството
Познатите личности често споделуваат фотографии и видеа од нивниот приватен живот.
Повеќето од нив сакаат да бидат во постојана комуникација со своите фанови, па на нивните социјални мрежи можеме да видиме како го поминуваат денот, каде одат, со кого се дружат, што јадат, пијат, но и како изгледале кога биле мали.
Само најхрабрите се осмелуваат да споделат нерепрезентативно издание.
Никол Шерцингер, поранешната пејачка на групата „The Pussycat Dolls“, покажа дека нема таков комплекс кога на својот Инстаграм профил објави една од детството.
Денеска една од најубавите и најзгодните пејачки, а како дете имала… мустаќи. Така барем изгледа на фотографијата.
Дека очите не не лажат, донекаде потврди и Никол:
-Можам со сигурност да кажам дека при првото причестување имав мустаќи – напиша познатата Никол под оваа фотографија.
Нема сомнеж дека таа низ годините се претвори во вистински лебед. За тоа сведочат бројни фотографии.