Шер се прошета на ревијата на модната куќа „Balmain“ за време на Модната недела во градот на љубовта.
Поп ѕвездата Шер има 76 години, но сигурно не би и дале толку доколку ја видите на модната писта заедно со модниот дизајнер Оливие Рустинг. Иако својата модна линија ја најави во соработка со „Versace“, Шер покажа дека може да се најде и во улога на модел.
Пејачката прошета во латекс комбинезон во комбинација со црни чизми, а по шоуто на својот профил на Твитер напиша дека се чувствувала одлично за време на шоуто.
Шер отсекогаш била модна икона и некој кој го диктирал стилот уште од 60-тите.
Во текот на 70-тите беше кралица на дискотеката, а нејзините фустани со пердуви станаа хит.
Шер носеше крзно, моторџиски јакни, големи обетки, предимензионирани јакни и тешка шминка.
Таа и во седумдесеттите години не се менува и го следи својот хипи стил на облекување.