Во морето препарати, шампони, масла, маски, го најдовме совршениот „лек за коса“ во омилениот алкохол на многумина.
Пивото е богато со фосфор, магнезиум, калиум и малтоза, што го прави природен производ за нега на коса. Биотинот во пивото го спречува опаѓањето на косата и првутот, малтозата ја зајакнува косата, а изобилството на витамини Б и дава природен сјај.
Протеините од јачменов слад и хмељ кои се наоѓаат во пивото ја обновуваат и зајакнуваат косата и коренот на косата. Протеините од пивото ги исполнуваат и најмалите пукнатини на косата и испуканите врвови, па косата станува помека и подобро ја рефлектира светлината, што ја прави да изгледа посветла. Пивото ја обновува косата и е одлично за ревитализација на витканата коса, бидејќи го спречува нејзиното исправување. Косата станува поздрава, посјајна, а со тоа добива и волумен.
Како се користи?
По миењето со шампон и регенератор, косата се завиткува во крпа за да се собере вишокот вода. Потоа добро исчешлајте ја, а во тенџере истурете околу половина литар млако пиво. Целата коса сè до темето потопете ја во тенџерето, а остатокот од пивото прелијте го врз косата. Нежно соберете го вишокот со крпа и потоа расчешлајте само со прстите.
Многумина користат варено или безалкохолно пиво за коса, но може да се користи секаков вид, само отворете шише или лименка и оставете го да отстои. Ќе испари целиот алкохол, но и јаглерод диоксидот. Овој гас не е добар за косата, а го содржи и безалкохолното пиво. Исто така, алкохолот ја суши косата, па затоа е подобро да се ослободите од него.
Ако имате темна или темно руса коса, можете да користите секаков вид пиво без страв, но ако имате многу светла коса или коса која е бланширана, подобро е да избегнувате пиво, бидејќи од него може да добиете грда, валкана досадна коса, што е многу тешко да се отстрани. Ако ви пречи мирисот на пиво, кој е присутен додека косата не се исуши. Додадете неколку капки од вашето омилено есенцијално масло.