
Фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира се уште се борат за старателството над своите деца откако летово објавија дека се разведуваат.
Сега Пике ја посетил нејзината куќа за прв пат откако се oтселил, пишуваат шпанските медиуми „Марка“.
Фудбалерот го паркирал своето Порше пред куќата, а му требало малку време да се пробие до влезот, бидејќи бил опкружен со новинари.
Ги игнорирал и не одговарал на прашања. Инаку, тој дошол таму да ги земе децата и останал во куќата десетина минути.
Ова беше прво појавување на Пике таму откако Шакира го исфрли.
Да потсетиме, пејачката неодамна објави многу интересно видео за новата песна „Monotonia“ во кое многу сликовито го опиша процесот на заздравување на „скршеното срце“ по раскинувањето.
Уште на почетокот на видеото, расплаканата Шакира е застрелана во средината на градите со базука и го бара своето срце на подот.
Колумбиската пејачка го води остатокот од видеото со дупка во градите и раскрварено срце во раката. Иако на почетокот на песната пее дека некои работи биле неизбежни и дека никој не е виновен, подоцна го прозива дека е себичен и ја зема здраво за готово.
Во една сцена, машка нога гази на нејзиното срце кое испаднало, а многу нејзини обожаватели мислат дека тоа е метафора за она што ѝ го направи Пике.